Израел: Во текот на ноќта се уништени околу 150 подземни скривници на Хамас

За време на копнената операција на израелските одбранбени сили во текот на ноќта во Појасот Газа, имаше голем број судири меѓу војниците и терористите на Хамас.

Нема информации за повредени војници во судирите. Војската верува дека успеала да убие неколку терористи на Хамас во рацијата и вели дека уништила инфраструктура што ѝ припаѓа на терористичката група, пренесува Тајмс оф Израел.

Пешадијата на ИДФ, борбените инженерски сили и тенковите сè уште остануваат во Појасот Газа во додека копнената операција продолжува.

ИДФ ја опишаа рацијата како „проширена копнена активност“, наместо целосна копнена офанзива.

Во меѓувреме, ИДФ соопшти дека воздухопловните сили нападнале околу 150 подземни локации кои припаѓаат на терористичката група Хамас.

Се додава дека во нападите биле убиени голем број терористи на Хамас.

Палестинските извештаи од Газа се оскудни откако пропаднаа интернет и телефонските услуги поради израелското бомбардирање минатата ноќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.