ИДФ оценува дека yбила повеќе од 400 оперативци на Xезболах за време на копнените операции во јужен Либан досега.
Според војската, оперативците, вклучително и многу команданти на терен, биле убиени и во воздушни напади и за време на борбите со војниците на ИДФ.
Теренските команданти вклучуваат офицери задолжени за различни регионални единици и села во јужен Либан, велат од ИДФ.
Израелските копнени операции во јужен Либан беа опишани од ИДФ како „ограничени, локализирани и насочени напади“, со цел да се урне инфраструктурата на Xезболах во пограничната област, особено во селата во непосредна близина на Изpаел, за да им се овозможи на жителите на северот да се вратат дома.
Рациите се фокусирани на „центрите на гравитација“ на Хезболах во селата на југот на Либан, каде војниците досега пронајдоа огромни количини оружје.
ИДФ вели дека операциите во јужен Либан ќе се прошират по потреба, но дека сепак има намера операциите да завршат што е можно побрзо, дури и за неколку недели.