,,Израел направи грешка, и ќе биде казнет” Се огласи Ајатолахот Хамнеи: Направија уште една грешка (видео)

Обраќањето на иранскиот ајатолах Хамнеи е објавено на неговиот официјален профил на социјалната мрежа „Х“.– Злонамерниот (израелски) режим, кој сам по себе е злобен и погрешен, додаде уште една грешка на сите грешки што ги прави, кога го нападна иранскиот конзулат во Сирија – рече ајатолахот Хамнеи.
The malicious Zionist regime will be punished pic.twitter.com/2miQi2JoiI— Khamenei.ir (@khamenei_ir) April 13, 2024
Тој посочува дека конзулатите и амбасадите во секоја земја се сметаат за територија на државата на која и’ припаѓа амбасадата.– Нападот на нашиот конзулат е напад на наша почва. Таквиот став е заеднички за целиот свет. Злонамерниот ционистички режим направи погрешен потег во овој случај. Тој треба да биде казнет и ќе биде казнет – рече ајатолахот Хамнеи.Потсетуваме дека во текот на вечерта Иран изврши напад врз Израел користејќи неколку десетици дронови.Десетици беспилотни летала летаат од Иран до Израел, а на беспилотните летала им требаат часови да го поминат тоа растојание.

Пронајдете не на следниве мрежи: