– Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир денес се закани дека ќе ја собори Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху доколку тој ја прекине војната во Појасот Газа без да започне офанзива врз јужниот град Рафа.„Ако премиерот одлучи да ја заврши војната без опсежен напад на Рафа со цел поразување на Хамас, тој нема да има мандат да продолжи да биде премиер“, напиша крајно десничарскиот политичар на Х.Заканата на Бен-Гвир доаѓа во време на јавувања за можен договор во индиректните преговори на Израел со Хамас за постигнување договор за размена на заложници и затвореници и прекин на огнот.И покрај глобалното негодување поради катастрофалната ситуација во палестинската енклава, израелскиот премиер долго време ја повторува својата намера за напад врз Рафа, каде што се засолнети над 1,5 милиони палестински бегалци.Нетанјаху владее со 64 места во 120-члениот Кнесет (израелскиот Парламент). Неговата коалиција има уште пет партии, вклучително и две крајно десничарски партии предводени од Безалел Смотрич и Итамар Бен-Гвир, кои имаат заедно 13 места. За мнозинска влада потребни се шеесет и едно место.Израел спроведува воена офанзива врз Газа од 7 октомври 2023 година, по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас, кој однесе околу 1.200 животи.Во израелските напади врз Газа досега загинати се над 33.000 Палестинци, причинета е голема деструкција, раселување и услови на глад.
Пронајдете не на следниве мрежи: