Израелски навивачи нападнати во Амстердам, Нетанјаху испраќа авиони по нив

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да се испратат два спасувачки авиона во Амстердам, каде што синоќа беа нападнати израелски фудбалски навивачи.

Холандската полиција соопшти дека имало пријави за неколку тепачки во центарот на градот по синоќешниот фудбалски натпревар меѓу Ајакс и израелскиот клуб Макаби Тел Авив.

Во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху се вели дека Министерството за национална безбедност на Израел ги повикало Израелците во Амстердам да останат во хотелските соби по насилните инциденти.

„Навивачите, кои отидоа да го гледаат натпреварот, се соочија со антисемитизам и беа нападнати со незамислива суровост, едноставно затоа што се Евреи и Израелци“, вели израелскиот министер за национална безбедност Бен Гвир.

Холандската полиција соопшти дека 57 лица биле приведени по натпреварот, откако пропалестинските демонстранти се обиделе да се приближат до стадионот „Јохан Кројф“, иако немале дозвола да протестираат таму.

Пронајдете не на следниве мрежи: