Израелскиот министер Бен-Гвир: Мора да ја згмечиме Газа со сета сила

Израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, повика на целосна окупација на Појасот Газа.

Во својата изјава на платформата за социјални мрежи Х, Бен-Гвир побара Израел да продолжи со нападите врз Газа без прекин.

Најавите на премиерот беа дека во Брисел ќе пренесе „жестоки пораки“ – исход се средби на кои премиерот сепак не пренел ништо ново
Пишува Ивон Величковски на социјалните мрежи: Пораките на Мицкоски од Брисел се кон домашната јавност, а Брисел останува на своите позиции. Впрочем нив Скопје ги има прифатено. Северна Македонија ќе напредува …
(Видео) ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Навивачи на Чаир со боксови нападнаа играч на ТФТ – МВР е на потег!
Подготвителниот меч кој се играше во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ и Чаир беше прекинат во финишот поради масовна тепачка. Инцидентот се случи на две минути до крајот на мечот кога по …

Повикувајќи Газа да се окупира, Бен-Гвир рече: „Мораме да ја згмечиме Газа со сета сила, да го уништиме Хамас и да се вратиме во Појасот Газа.“

Бен-Гвир претходно реагираше на „хуманитарната пауза“ постигната меѓу Израел и Хамас, што заврши утрово. Израелскиот министер се закани и со распуштање на коалициската влада предводена од Бенјамин Нетанјаху доколку не продолжат нападите врз Газа.

Утрово заврши „хуманитарната пауза“, што стапи на сила во петокот на 24 ноември, во рамките на договорот меѓу Израел и Хамас. Израел по нејзиното завршување веднаш започна со нападите и бомбардирањето на повеќе локации во Појасот Газа, при што за само три часа загинаа 32 Палестинци.

Во Појасот Газа од 7 октомври, кога почнаа израелските напади, до прогласувањето на „хуманитарната пауза“ загинаа над 15.000 Палестинци, меѓу кои 6.150 деца и 4.000 жени, соопштија здравствените власти во енклавата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.