Изречени 244 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

На територијата на СВР Тетово денеска од 12.00 до 18.00 часот, во рамки на засилената акциска контрола, санционирани се 244 лица кои возеле со брзина поголема од пропишаната. Од нив, како што соопшти МВР, 73 се движеле со 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 23 со 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 91 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 153 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.