Оваа негова порака доаѓа откако Трамп изјави дека не би штител ниту една земја членка на НАТО ако не си ги плаќа обврските кон Алијансата. Поранешниот американски претседател порача дека би ја охрабрил Русија да прави што сака, затоа што САД не штитат „деликвенти
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг порача дека изјавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја поткопуваат безбедноста и ги ставам европските и американските војници на зголемен ризик, пренесува Гардијан.
Тој смета дека секој напад врз западната воена алијанса ќе биде дочекан со обединет и силен одговор.
Оваа негова порака доаѓа откако Трамп изјави дека не би штител ниту една земја членка на НАТО ако не си ги плаќа обврските кон Алијансата.
Поранешниот американски претседател порача дека би ја охрабрил Русија да прави што сака, затоа што САД не штитат „деликвенти“.
„Секоја сугестија дека сојузниците нема да се бранат меѓусебно ја поткопува целата наша безбедност, вклучително и онаа на САД, и ги става американските и европските војници на зголемен ризик. Очекувам дека без разлика кој ќе победи на претседателските избори, САД ќе останат силен и посветен сојузник на НАТО“,
рече Столтенберг.
Трамп на предизборниот митинг во Јужна Каролина викендов изјави дека ќе ја „охрабри“ Русија да нападне кој било од сојузниците на САД во НАТО за кои сметал дека не го плаќаат својот дел.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека непромислените изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО им служат само на интересите на рускиот претседател Владимир Путин.
„Тие не носат повеќе безбедност или мир во светот. Напротив, тие повторно ја нагласуваат потребата ЕУ итно дополнително да ја развива својата стратешка автономија и да инвестира во својата одбрана. Да го одржиме нашиот сојуз силен“,
рече Мишел.
Изјавата на Трамп наиде на остри критики од Белата куќа. Си-ен-ен пренесува дека портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, изјавата на Трамп ја оценил како застрашувачка и несоодветна.
Трамп е актуелен кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија.