Има ли крај на ужасите во Индонезија?

Само пет дена по катастрофалниот земјотрес и цунами на индонезискиот остров Сулавеси во кои загинаа повеќе од 1.200 луѓе, проработи и вулканот Сопутан. Рано утрово се случи ерупција на вулканот кој се наоѓа во северниот дел на островот, на околу 600 километри североисточно од Палу. Извештаи за евентаулни жртви или причинета штета сеуште нема.
По земјотресот раселени се повеќе од 60.000 луѓе и беа уништени повеќе од 65.000 куќи. По апелот на претседателот Јоко Видодо, кој денес оди во втора посета на погодената област најмалку седум карго авиони утрово слетаа на аеродромот во Палу носејќи повеќе тони хуманитарна помош. На авионите пишува „Помош за претседателот на Република Индонезија“.Инаку нови потреси регистрирани се на 1.600 километри јужно од областа погодена од силниот земјотрес и цунами на Сулавеси.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.