Љубовта е прекрасна, а врската исполнета со љубов особено на почетокот, во нашите животи носи смеа, среќа, страстни бакнежи.
Меѓутоа, постои фактор кој што гарантира долга и стабилна врска, а кој што понекогаш е поважен и од самата љубов. Станува збор за довербата.
Еднаш кога почетната заљубеност ќе се замени со сомнежи и стравови, работите може да станат многу грозни. За да не се случи тоа, важно е да изградите однос полн со доверба со вашиот партнер.
Таа е клучна за успех и задоволство во врската, но истовремено е и многу кршлива. Еднаш кога ќе се изгуби, тешко е да се стекне повторно.
Што подразбира довербата?
Довербата значи дека верувате во вашиот партнер и дека сакате само добри работи да ви се случуваат заедно, но и засебно. Покрај него се чувствувате емоционално и физички сигурно, баш како и тој со вас.
Довербата значи дека во врската треба да има почит, предаденост и искреност. Ветувањата треба секогаш да ги исполнувате, но исто така меѓусебно и да се поддржувате.
Од друга страна довербата значи и разбирање на вашиот партнер и подготвеност да му простите доколку прекрши некој договор или ветување. Во здрава врска двајцата партнери треба да бидат полни со доверба – стравот не може да функционира еднострано.