Тијана Дапчевиќ го споделила своето искуство поврзано со намалување на килограмите кои што ги добила во текот на својата бременост.
Тијана раскажала дека во тој период кога била бремена се здебелила 45 килограми и дека пред породувањето имала 115 килограми.
Таа исто така додала дека чувствувала глад речиси 24 часа дневно и дека често посегнувала по нездрава храна.
View this post on Instagram
„Буквално носев една личност во себе. Немав врат, а рацете ми беа колку бутовите. Тогаш решив да преземам нешто во врска со тоа. Меѓутоа, почнав да слабеам дури кога сфатив дека не ми е потребна никаква диета, туку дека треба да го сменам начинот на живот.
View this post on Instagram
Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомне зборот „диета“. Тогаш мислиме само на храната и на тоа што ќе јадеме, а што нема да јадеме“, изјавила пејачката.
Како што навела, Тијана денот го започнува со овесни снегулки со чиа семе и црвено овошје, за ручек вообичаено јаде месо од мисирка со зеленчук, а за вечера орада со салата.