Имала само 15 години: Никогаш видена фотографија од Ана Бекута – вака изгледала кога остана бремена

Српската фолк и поп пејачка Ана Бекута, на естрадата е повеќе од триесет години и зад себе има бројни хитови и награди.
Родена е како Нада Полиќ, а како девојче пеела во училишниот хор и во културно-уметничко друштво. Во 1974 година на музичкиот натпревар за „Прв глас на Прибој“ го освоила второто место. Првите музички ангажмани ги добива во 1980 година, почнувајќи да настапува по ресторани и хотели ширум тогашната Југославија.
Уметничкото име Ана Бекута го зела во 1985 година по предлог на Предраг Вуковиќ Вукас, бидејќи тогаш имало повеќе пејачки кои пееле народна ммузика со име Нада. Во 1985 година го снима својот дебитански албум за ПГП-РТБ со име „Ти си мене варао“, во кој албум се наоѓа еден од нејзините најголеми хитови, “Не сум родена да живеам сама“. До сега сними 18 албуми. Бекута на својата младост редовно се присетува, а на социјалните мрежи често знае да објави по некоја ретро фотографија.
Овој пат, Ана Бекута покажа како изгледаше кога имала само 15 години и воодушеви многумина.

Пејачката се потсети на своите тинејџерски денови и објави на фотографија на Инстаграм од далечната 1974 година, каде позира со другарка.
„Дама се раѓа, не се станува“, гласи еден од коментарите упатени до пејачката

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.