Грција е во состојба на зголемена безбедност откако се соочи со наплив на илјадници мигранти кои се обидуваат да ја минат границата од Турција, а локалното население стравува од нова криза.
„Во последните денови, Грција е на мета на ненадеен, масовен, организиран и координиран притисок од движењата на луѓето кон источните копнени и морски граници. Ова движење е насочено и охрабрено од Турција. Со овие активности се прекршуваат обврските што произлегуваат од Заедничката декларација на Европската Унија – Турција. Турција, наместо да ги ограничи мрежите на криумчари на мигранти и бегалци и самата стана криумчар“, рече портпаролот на грчката влада по завршувањето на состанокот.
Европскиот комесар за упраувања со кризни ситуации, Јанез Ленарчич, изјави во неделата дека Европската унија очекува дека Турција ќе го почитува договорот кој во 2016 година го постигна со Брисел, а се однесува на мигрантите и бегалците кои се наоѓаат на турска територија.
https://www.facebook.com/Puls24.mk/videos/853338288471856/?t=0
Пронајдете не на следниве мрежи:Migrants camp out on Turkey-Greece border pic.twitter.com/lGkWduaKo2
— RT (@RT_com) March 1, 2020