Високите температури во Рим придонесоа за зголемување на популацијата на стршлени во тој град, кои често ги напаѓаат жителите и туристите во италијанската престолнина.
Градот Рим го повикал зоолог Андреа Лунерти, експерт за стршлени, за да ги отстрани бројните гнезда што овие инсекти ги направиле низ градот.
- Само 2 дена пред нејзината смрт, кралицата Елизабета ги напишала овие зборови: „Дојде да ме види…“ Многумина мислат дека тој бил последниот што ја посетил (фото)
- Зеленски ја смени играта: Мора да сториме сè за да ја завршиме војната следната година преку дипломатија
- Левица: Се крати од ранливите категории за набавка на оружје
- Повеќе од 800 милиони возрасни луѓе во светот страдаат од дијабетес
- Во Македонија има околу 130 илјади пациенти со дијабетес како и уште половина недијагностицирани
- Стриптизета му роди дете на најголемиот југословенски заводник: Ја донесе Брена на јахта, тој ѝ посвети песна на жената што ја изневерува (фото)
- Велеа дека со него е завршено засекогаш!
- (Видео) Кузеска: Власта ја партизира АЕК, во агенцијата вработена газдарицата на фирмата која требаше да ја гради спорната гаража
- Хороскопски знаци кои избираат погрешни партнери, но никогаш не се откажуваат од љубовта
- Во моментов добивам многу повици, од сите страни. Луѓето ги гледаат овие големи инсекти како летаат наоколу, а нивните гнезда се огромни, понекогаш има од 700 до 1.000 единки – изјави Лунерти, а пренесува Гардијан.
Неодамна, Лунерти добил повик од домот на една постара госпоѓа која се вратила од одмор во Сардинија и открила дека 800 ориентални стршлени изградиле гнездо во нејзината бања.
Минатата недела, чистач на прозорци на возраст од околу 50 години паднал од скеле и починал откако бил нападнат од рој стршлени.
Освен екстремно топлото време за овој период од годината, Лунерти за наездата на стршлените ги обвинува и купиштата ѓубре во Рим.
Тој вели дека овие два елементи создаваат идеални услови за ширење на инсектите во урбаните средини.
– Рим е многу валкан град, контејнерите се насекаде отворени – рече Лунерти.
Ориенталните стршлени се присутни и во некои делови на јужна Италија, особено во пристанишните градови како Неапол.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.