Индискиот производител на сируп за кашлица од кој починаа 19 деца во Узбекистан, денеска соопшти дека го прекинува производството на сите лекови, по проверката спроведена од државната агенција за лекови. Индиските медиуми објавија дека инспекторите забележале отстапување од прописите за производство во една од фабриките на компанијата „Марион Бајонтек“.
Узбекистанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 18 деца починале во градот Самарканд откако примале од спорниот сируп, а узбекистанските медиуми во вчера објавија дека починало уште едно едногодишно дете.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.