Индонезија: Една минута во мртовечки ковчег за неносење маска

Луѓето кои одбиваат да носат маска за да спречат ширење на коронавирусот во главниот град на Индонезија, Џакарта, може да бираат – или ќе платат парична казна или една минута да лежат во мртовечки сандак.


Во оваа островска земја, изминативе денови дневниот број на новозаразени лица надминува илјада, соопштија официјални лица.
Некои луѓе избираат ковчег затоа што немаат пари да платат. Казната изнесува околу 14,35 евра.
Индонезија има вкупно над 180.000 заразени и повеќе од 7.600 смртни случаи од Ковид-19.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.