Фудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста, смета дека за неговиот тим, оваа сезона, поголем успех ќе биде да се освои титулата во домашното првенство отколку онаа во Лигата на шампиони.На седум кола до крајот на првенството во Примера, Барселона на првото место има 13 бодови повеќе од Реал Мадрид.„Минатата сезона го загубивме првенството и враќањето на титулата е главна цел оваа сезона. Доколку пехарот се врати на „Ноу Камп“, тоа ќе биде четврта титула во последните пет години, што ќе преставува голем успех“, изјавил за „Ел Мундо Депортиво“ фудбалерот на Барселона.Каталонците имаат можност да се борат и за пехарот во Лигата на шампиони, во полуфиналето за противник го добија Баерн Минхен, првиот меч на „Алијанц Арена“ ќе се одигра на 23.април.„Секогаш говорев дека за мене секогаш е најважна титулата во првенството, ја сакам, поради тоа што преставува плод на напорна работа во текот на денот, неделата и целата година. Лигата на шампиони е работа на престиж, но и тоа натпреварување знае да биде многу напорно. Реал е силен клуб и поради тоа успехот во домашното првенство е уште поголем“, појаснил Иниеста.Шпанскиот репрезентативец оваа сезона за Барселона има одиграно 39 натпревари на кои има постигнато пет голови.
МакфаксФудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста, смета дека за неговиот тим, оваа сезона, поголем успех ќе биде да се освои ти