Магазинот BOF објави дека сите истражување за социјалните мрежи и нивното влијание врз луѓето имаат поразителни резултати. Имено, се докажало дека Инстаграм предизвикува депресивни мисли и ниско ниво на самодоверба кај младите генерации. Само што некако ја преџвакавме депресијата сега ни го сервираат феноменот – хаштаг, кој подразбира стајлинг или облека на денот, која се користи најмалку 2 милиони пати.
Младите, на кои и треба да им е важен изгледот, само за да објават интересни фотографии на Инстаграм позајмуваат делови од гардероба од бутиците, за утредента да ја вратат од каде што ја земале. Единствени кои профитираат од ова масовно лудило се модните брендови и индустријата за луксуз. Аналитичарот специјализиран за индустријата на луксуз, Лука Солца изнесе вознемирувачки податоци за промената во која сите учествуваме. Со неа се отфрлаат сите морални норми и облици на однесување, кои до неодамна ги сметавме за правилни. Брзата промена на трендови, ексклузивни локации и живот на висока нога не доведоа до постојана потрага по средства кои ќе не истакнат пред околината и ќе создадат измислена приказна за луксузен живот за нашите знајни и незнајни виртуелни пријатели.
Инстаграм е една голема јавна арена во која сте зависни од мислењето на другите поддржани со лајк или закопани ако не го добиете. Во суштина, ако малку подобро размислите психологијата на успехот би требала да ве наведе да не обрнувате преголемо внимание на мислењето на другите, туку да верувате во себе и да не дозволите никој да ве поколеба. Одтука се наметнува реалното прашање – живееме ли денес за да се докажеме пред другите и што ни носи тоа на долги патеки? Солца пишува дека сме сведоци како младите луѓе се подолго остануваат да живеат во родителскиот дом, ги штедат своите пари за неопходни потреби, а ги трошат за гардероба, накит и шминка за фотографирање на Инстаграм.
Доколку ги погледнете девојките со најмногу “пријатели“ ќе забележите дека најчесто тоа се припаднички на елитните кругови, со подлабок џеб, кои можат да си го дозволат буквално секое парче гардероба, да патуваат на луксузни дестинации и да живеат живот за кој и не знаевме додека не постоеше Инстаграм. Тие девојки имаат десетици илјади пријатели, меѓу кои судејќи по коментарите најбројни се фраери и други млади девојки кои копнеат по тој лајфстаил, и најчесто имаат помеѓу 14 и 19 години.
Таргет на оваа новина најчесто се посиромашните земји во кои умните млади луѓе едвај доаѓаат до чесно вработување, а во последно време единствен начин да стигнат до нормален живот им е заминувањето преку граница. Поентата е во тоа дека се е лага и измама, кои опасно влијаат на однесувањето на новите генерации и најчесто ги наведува на сосема погрешни насоки. Па, затоа колку и Инстаграм да ве убедува во спротивното, верувајте во старата и добра поговорка – дека нема леб без мотика.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.