Интернетот зоври за жешките сцени на Никол Кидман во новиот филм: Ова е подобро од „50 нијанси сиво“

Никол Кидман ја предводи екипата на новиот филм „Babygirl“, а корисниците на социјалните мрежи веќе жестоко ги коментираат нејзините експлицитни сцени со колегата Харис Дикинсон.Еротскиот трилер „Babygirl“, чија актерска екипа ја предводат Никол Кидман, Антонио Бандерас и Харис Дикинсон, наскоро ќе пристигне во американските кина Заплетот на филмот е за директор на компанијата кој започнува афера со помлада колешка, и ова дело веќе е награден на различни фестивали, вклучувајќи го и оној што неодамна се одржа во Венеција.57-годишната Кидман беше меѓу добитниците на наградите, поточно оние за најдобра актерка, за која критичарите истакнаа дека е нејзината најсекси улога досега.Трејлерот, неодамна објавен на Интернет, нуди поглед на кошмарот за време на краткотрајната афера на ликовите кои ги толкуваат Никол Кидман и Харис Дикинсон.

„А24 ја направи својата подобра верзија на 50 нијанси сиво“, „Ако се прашувате каде сум, јас веќе сум во кино“, „Со години имаме постари машки актери во комбинација со помлади актерки. Ова е освежување“, „Почна ренесансата на пумата“, се само дел од коментарите под трејлерот на YouTube.Покрај во филмот „Babygirl“, Никол Кидман се појави и во новата трилер серија „The Perfect Couple“.

Пронајдете не на следниве мрежи: