На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државава е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од Републикава, соопшти утрово АМСМ.
Иако сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./МИА