Вчера во 11.30 часот во Скопје, на подрачје на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Д.Џ.(20) и 35-годишната Џ.К.М., двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон случајните минувачи.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.