Иран гради три илјади напредни центрифуги за збогатување на ураниум, објавија во неделата иранските медиуми, што претставува чекор кој веројатно ќе ја зголеми загриженоста на Западот поради контроверзната нуклеарна програма на Техеран.
Иран претходно годинава најави дека ќе инсталира нова генерација центрифуги во својот погон за збогатување на ураниум во Натанц, но Reuters забележува дека во неделните извештаи на иранските медиуми првпат е објавено нивниот конкретен број.
Иранските медиуми во неделата повикувајќи се на Фереџдун Абаси-Давани, шефот на иранската Организација за атомска енергија, наведуваат дека Иран произведува 3.000 центрифуги од новата генерација.
„Финалната производствена линија на тие центрифуги дојде до крајот и наскоро претходната генерација на тие центрифуги со ниска ефикасност ќе биде отстранета”, рекол Абас-Давани за иранската агенција Fars.
Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) соопшти претходно годинава дека 180 центрифуги од типот IR-2m и празните куќишта на тие центрифуги се поставени во погонот во близина на градот Натанц во централен Иран. Тие нови центрифуги, два ипол пати поефикасни од старите модели, сѐ уште не биле оперативни.
Доколку успешно бидат ставени во функција, таквите машини можат да му овозможат на Иран значително да ја забрза акумулацијата на нуклеарно гориво за коешто Западот стравуваа дека може да се користи за нуклеарно оружје. Иран тврди дека ураниумот го збогатува само за мирољубиви цели, најмногу за добивање електрична енергија.
Според магазинот Foreign Policy, новиот модел центрифуги е иранска дизајнирана верзија на центрифугите P-2 којашто се користи во пакистанската нуклеарна програма. Оригиналниот P-2 дизајн, кој Иран го доби во 1995 година од мрежата на творецот на пакистанската атомска бомба Абдул Кадир Кан, очигледно за иранските инженери бил премногу комплициран за производство без надворешна помош. Иранските експерти наводно успеале да изградат и да тестираат неколку центрифуги во Натанц, но Институтот за наука и меѓународна безбедност верува дека Иран не може да направи голем број центрифуги од типот IR-2m, без увоз на одредени клучни ставки.
Новата иранска центрифуга го задржала истиот капацитет за производство како пакистанските Р-2, Двете може да збогатат ураниум окопу два ипол пати побрзо од центрифугата Р-1 со која Иран веќе работи во Натанц. Про оптимални услови за 1.200 центрифуги IR-2 би требало да работи една година да произведен доволно високо збогатен ураниум за една нуклеарна боева глава. Истата цел ќе ја имаат околу три илјади P-1 центрифуги.
Иако тоа не е доказ дека Иран произведува нуклеарната оружје, воведувањето на центрифугите IR-2 може да направи „пресвртен” момент во нуклеарното сценарио полесно изводливо во средноречен период. Иран имаше неколку проблеми усовршувајќи ја работат ан своите Р-1 центрифуги, но еден нуклеарен функционер рекол дека IR-2 е „доразработена” машина отколку несигурните Р-1. Тој коментар подразбира дека со новодизајнираните центрифуги Иран би можел полесно да работи отколку со досегашните. Тој факт, заедно со многу поголемата стапка на производство му овозможи на Техеран побрзо да напредува брзо кон високите нивоа на збогатувањето на ураниум, (и оттаму на нуклеарното оружје), доколку се реши да одите по тој пат.
Ураниумот се претвора во нуклеарно гориво со постапката на забогатување, со која се зголемува концентрацијата на радиоактивниот изотоп U235 кој во природниот уран го има само 0,71 отсто. Ураниумовота руда прочистена во концентрат кој се нарекува „жолт колач”, најчесто се претвора во ураниумов хексафлуорид кој на температура од 56 Целзиусови степени минува во гасна состојба. Во ротирачките гасни центрифуги, поврзани во серија, доаѓа до раздвојување на изотопот на ураниумот и постепено зголемување на концентрацијата на У235. Ураниумот кој како гориво се користи за нуклеарните електрични централи се збогатува на ниво од 2 до 5 отсто, додека за реакторите во нуклеарните подморници и носачи на авиони се користи високо збогатен ураниум, како и за нуклеарното оружје каде се употребува ниво на збогатеност од 90 отсто.
Макфакс
Иран гради три илјади напредни центрифуги за збогатување на ураниум, објавија во неделата иранските медиуми, што претс