Иранскиот врховен водач: Муслимани, помогнете му на Хезболах за да му се спротивстави на злото

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ги повика муслиманите „да застанат покрај народот на Либан и гордиот Хезболах со сите средства што можат и да им помогнат да се спротивстават на злобниот режим (на Израел)“.

„Судбината на овој регион ќе ја решаваат силите на отпорот со лидер на Хезболах“, рече Хамнеи во изјавата откако израелската војска објави дека го убила лидерот на либанската милиција Хасан Насралах.

Откако Хезболах ја потврди смртта на Насрала, иранските медиуми објавија дека генералот Абас Нилфорушан, заменик командант на иранската револуционерна гарда, бил убиен „до Насрала“ во вчерашните израелски напади на јужниот дел на Бејрут.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, во објава на социјалната платформа Х вети дека „патот на Насрала ќе продолжи, а неговата света цел ќе се постигне со ослободување на Ерусалим“.

Во меѓувреме, двајца регионални претставници информирани од Техеран изјавија за Ројтерс дека Хамнеи е преместен на безбедна локација во земјата и дека безбедносните мерки се засилени. Изворите рекоа дека Иран е во постојан контакт со Хезболах и другите проирански вооружени групи во регионот за да се одреди следниот начин на дејствување по убиството на Насрала.

Пронајдете не на следниве мрежи: