Иранскиот напад е опасна ескалација






Британскиот премиер Риши Сунак денеска во парламентот рече дека Иран се обидел да го „фрли Блискиот Исток во криза“ со својот напад врз Израел кој бил „без преседан“ и „непромислена и опасна ескалација“.

Тој потврди дека Велика Британија уништила голем број ирански беспилотни летала, но не појасни колку, јави Би-Би-Си.

Британскиот премиер рече дека разговарал со лидерите на Г7 со кои ќе истражува координација на „понатамошни дипломатски мерки“.

Тој исто така рече дека ќе му телефонира на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да изрази солидарност со Израел, но и да спречи понатамошна ескалација.

Сунак рече дека конфликтот во Газа „мора да заврши“, нагласувајќи го „ужасното страдање на цивилите“ и потребата да се отворат нови премини за помош во Газа.

Тој им оддаде почит на тројцата британски хуманитарни работници убиени во израелскиот напад во Газа и повика на хуманитарна пауза во Газа.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: