Исвиркани Џафери и владината делегација на Мечкин Камен, поздравена коњаницата која пристигна во Крушево

Спикерот на македонското Собрание, Талат Џафери беше исвиркан заедно со владината делегација, при пристигнување на Мечкин Камен. Додека тие се движеа кон местото каде треба да се сместат, од зад барикадите каде стојат посетителите, извикуваа „Уа, уа“ и исвиркуваа.

Меѓу присутните од делегацијата на Владата се Љупчо Николовски и Јетон Шаќири.
Со скандирање „Македонија, Македонија“ беа поздравени коњаниците кои пристигнаа во Крушево, оддавајќи почит и продолжувајќи ја традицијата. Потоа беа пеени патриотски песни. Се скандира и „Никогаш северна, само Македонија“.

На Мечкин Камен присутни се и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
За потсетување, инциденти на Мечкин Камен имаше и минатата година. И тогаш имаше исвиркување, но и пресметки зад барикадите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.