Од денес до понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник кон крајот на денот ќе има нови локални врнежи од дожд.
Според соопштението на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), врнежи од дожд ќе има од понеделник до среда, кога се очекуваат и громотевици.
Утринската температура ќе биде во интервал од минус 1 до 4 степени, а дневната од 13 до 24 степени Целзиусови.