Исламистичката група Боко Харам ја презема одговорноста за грабнувањето на седумте француски туристи, од кои четири се деца, членови на едно семејство, кои минатата седмица беа земени во заложништво во северен Камерун, а пото однесени во Нигерија.
На видео снимката објавена на YouTube прикажани се членовите на семејството, децата кои седат на земја пред возрасните и маскираните грабнувачи кои бараат ослободување на нивните соборци затворени во Камерун и во Нигерија.
Францускиот премиер Жан-Марк Аиро во понеделникот потврди дека споменатата исламистичка група ја преземала одговорност аза киднапирањето, додавајќи дека француското семејство „најверојатно се наоѓа во Нигерија”.
Еден од грабнувачите кој тврди дека заложниците се во рацете Бока Харам, во името на киднаперите бара ослободување на неколку исламисти заробени во Нигерија, меѓу кои имало и жени. На истата снимка еден од грабувачите кој зборува арапски се заканува дека ќе ги убие француските заложници, доколку барањата на групата не бидат исполнети.
Грабнувачите го обвинуваат францускиот претседател Франсоа Оланд, кој ја нареди француската воена интервенција против исламистите во Мали, дека води војна против исламот.
Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус ги оцени снимките како „многу потресни”. „Тие се сведоштво за безграничната свирепост. Ќе пристапиме на нужните проверки во овие околности. Сите државни служби се вклучени во ослободувањето на нашите државјани”, се наведува во писмената изјава на шефот на француската дипломатија, која ја цитира AFP.
Седумчленото француско семејство се наоѓаа меѓу местата Дикв еи Н'гале на крајниот североисток на Нигерија, соопштил извор близок на нигериските безбедносни служби. Подрачјето на кое се забележани грабнувачите се смета за област под влијание на исламистичкото движење Боко Харам и Ансар. Втората група во неделата ја презема одговорноста за грабнувањето на седумте странци коишто работеле за либанската градежна компанија „Setraco” во нигериската сојузна држава Баучи.
За претходните слични случаи на земање заложници, како и за нападите врз христијаните во Нигерија, исто така, одговорноста ја преземаше радикалната исламистичка група Боко Харам, којашто организира терористички напади врз безбедносните сили, вклучувајќи ги и оние врз христијанските цркви. Боко Харам основана во 2002 година бара воведување на шеријатот (исламскиот закон) во Нигерија и искоренување на западниот секуларна модел на образование. Нејзините борци беа вклучени во неколку терористички напади во 2011 година, вклучително и против седиштето на ОН во главниот град Абуџа. Боко Харам е обвинета за убиствата на повеќе од илјада луѓе во терористичките напади коишто ги интензивираше од 2009 година.
Нигерија е составена од вкупно 36 држави и има население од околу 160 милиони, кои речиси по половина се христијани на југот и муслимани на северот, но милиони од нив живеат и на север и на југ.
Според Меѓународната кризна група чие седиште е во Брисел, во етничките и верските конфликти во Нигерија во периодот меѓу 1999 и 2009 година загинале повеќе до 14 илјади луѓе.
Претседателот Гудлaк Џонатан доаѓа од јужниот нафтоносен дел на земјата населен претежно со христијани. Неговиот тогашен главен противкандидат Бухари, потекнува од северниот муслимански дел на Нигерија.
Нигерија е најголемиот производител на нафта во Африка, и извезува околу 2,2 милиони барели нафта дневно. Меѓутоа, нафтената индустрија во земјата трпи загуби поради честите напади што ги изведуваат борците на Движењето за ослободување на делтата на Нигер и други вооружени групи, врз објекти на „Chevron”, „Shel” и други нафтени компании.
Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица.
Макфакс
Исламистичката група Боко Харам ја презема одговорноста за грабнувањето на седумте француски туристи, од кои четири с