Исмет Гури избега од домашен притвор пред да биде вратен во „Шутка”

Полицијата дошла од домашен притвор да го враќа во притвор во Шутка, но екс заменик директорот на УЈП и функционер на ДУИ, Исмет Гури бил побрз и им избегал. Кога дошла полицијата кај него дома да го вратат во затворски притвор, не бил таму и сега го бараат и со меѓународна потерница.

Зеленски: Во руските напади оштетен 321 објект од пристанишната инфраструктура
Руски беспилотни летала и проектили оштетија 321 објект на пристанишната инфраструктура во Украина од јули минатата година, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во руските напади …
„Кутра снаа, да не си во нејзина кожа“ Вирално стана видео од балканска свадба, изгледот на свекрвата кажува илјада зборови (ВИДЕО)
Видео од балканска свадба не престанува да го интригира целиот регион, а на социјалната мрежа ТикТок веќе има повеќе од еден и пол милион прегледи.А за сè е …

Кривичниот совет по жалба на обвинителството му го укина куќниот притвор и донесе решение за замена на мерката куќен притвор со мерка активен притвор. Од МВР, судот е известен дека во моментот кога го побарале на адресата на која бил пријавен за издржување на домашен притвор, не е пронајден, по што судот издал наредба за распишување на централна потерница.

Гури беше пуштен од притвор во Шутка во домашен притвор неколку дена пред Нова година, поради здравствени проблеми. Но по речиси 10 дена издржување притвор во домашни услови,Кривичниот совет ја преиначи одлуката, а Гури избега. Сега полицијата го бара со потерници, но од судот кој му го додели решението за куќен притвор не кажуваат дали со оваа мерка биле донесени и дополнителни мерки на претпазливост, за одземање пасош.

МВР презема мерки и активности за пронаоѓање на лицето, е краткиот став на полицијата.

Гури беше уапсен во јули минатата година поради вмешаност со даночни измами, заедно со уште 15 други бизнисмени и инспектори од УЈП, дека переле пари, правеле даночни измами и за делото злосторничко здружување.

Во “Титаник 3” во 2017 година доби обвинение за уништување изборен материјал, односно дека на локалните избори во 2013та менувале дел од записниците за гласањето во Чаир. Судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.

Гури беше истакнат активист на ДУИ, но му откажа поддршка на Ахмети и се приклучи на партијата на Изет Меџити, Демократско движење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.