Исплатени 30 милиони евра субвенции за 19 илјади тутунопроизводители.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на прес-конференција соопшти дека денеска ќе бидат исплатени парите за субвенциите за тутунот за 2019 година.
Субвенциите се точно за прва класа тутун се 80 денари, за втора класа 70 денари, а за трета и дополнителни класи 60 денари за килограм.
Министерот Димковски нагласи: – Ги замолувам тутунопроизводителите да имаат разбирање и да се придржуваат кон начинот на исплатата во оваа вонредна состојба. Тутунот е наша стратешка извозно ориентирана гранка и во изминатите 2,5 години бележи стабилно и одржливо производство.
– Со цел да не се прават гужви пред банките, за оние кои немаат платежни картички, ќе се одвиваат во четири последователни денови почнувајќи од 21 април (вторник) до 24 април (петок).
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.