Испорачана сметката: Атина размислува да реагира со „замрзнување“ на следните поглавја од преговорите на Северна Македонија со ЕУ

Грчки Капитал објави дека Атина во моментов размислува да реагира со „замрзнување“ на следните поглавја од преговорите на Македонија со Европската Унија, како и „економското гушење на соседната земја доколку Грција повлече „рачна кочница“ на фондовите на ЕУ, кои би биле насочени кон Скопје, што веројатно не е од помало значење за Северна Македонија“.

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис одржа брифинг за надворешно-политички прашања пред политичките лидери и претставници на парламентарните партии. На брифингот станало збор за прашањата за Северна Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: