ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЈАВНО МИСЛЕЊЕ: Французите стравуваат дека може да им се случи терористички напад како во Израел

Последната анкета во Франција покажа дека дури 72 отсто од нејзините жители стравуваат дека нивната земја може да биде нападната на ист начин како што палестинското движење Хамас го нападна Израел.
Резултатите од истражувањето на Францускиот институт за јавно мислење ги објави дневниот весник „Фигаро“ во кој се наведува дека повеќе од 80 отсто од анкетираните стравуваат дека ќе ги почувствуваат последиците од ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт.

Стравот од терористички напад од големи размери се објаснува со тоа што значителен дел од Французите (37%) го поддржуваат Израел, а не Палестинската национална управа (20%).

Чувството на опасност го поврзаа и со терористичките напади кои Франција ги доживеа на 13 ноември 2015 година, кога џихадистите го нападнаа театарот Батаклан. Загинаа 130 луѓе, а повеќе од 350 беа повредени.

На 24 октомври, на прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Емануел Макрон рече дека Франција и Израел можат да создадат регионална коалиција за борба против тероризмот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.