Истражување: Отсуствата од работа поради проблеми со менталното здравје во Швајцарија достигнуваат рекордно ниво

Според бројките, феноменот погодува многу млади луѓе. Во возрасната група од 18 до 24 години, седум од 10 лица неспособни за работа страдаат од ментална болест.

 Во Швајцарија бројот на отсуства од работа како последица на ментално заболување, исцрпеност, посттрауматско растројство, синдром на замор или постковид синдром, никогаш не бил поголем од моменталниот, со тоа што несразмерно се погодени младите луѓе, покажува неодамнешното истражување на една швајцарска компанија.

Податоците на осигурителната компанија „ПК Рук, со седиште во Цирих, покажаа дека продолжената кризна ситуација на пандемијата на Ковид-19 влијаела на менталниот баланс на многу луѓе.

Андреас Хајмер, извршен директор во „ПК Рук“, за неделникот „НЗЗ ам зонтаг“, рече дека во швајцарската економија, отсуствата од работа поради ментално заболување достигнале рекордно ниво, со раст од 20 отсто во споредба со претходната година.

Оценката на осигурителната компанија се заснова на податоци од околу 250.000 вработени од 6.000 компании во Швајцарија.

Хејмер, сепак, рече дека не го припишува зголемувањето на бројката само на пандемијата и дека порастот на бројките одразува „структурен тренд“.

Според бројките, феноменот погодува многу млади луѓе. Во возрасната група од 18 до 24 години, седум од 10 лица неспособни за работа страдаат од ментална болест – што претставува зголемување за четири пати на ваквите случаи во споредба со пред 25 години.


Пронајдете не на следниве мрежи: