Новата студија на истражувачите покажа дека жените потенцијално можат да го продолжат својот живот доколку имаат поинтимни врски, благодарение на придобивките што сексот ги има врз здравјето на срцето.Истражувањето неодамна беше објавено во научното списание „Journal of Psychosexual Health“, а резултатот е доста интересен.Имено, студијата покажала дека жените на возраст од 20 до 59 години кои ретко имале секс, односно помалку од еднаш неделно, имале 70 отсто зголемен ризик од смртност од сите причини.Истражувањето е спроведено врз основа на анализа на податоците од Националното истражување за здравје и исхрана, и на примерок од 14.542 Американки кои имале над 20 години. Заклучокот на истражувачите од Универзитетот Валден е дека жените би можеле да имаат здравствени придобивки од уживањето и интимните односи почесто од еднаш на секои седум дена.„ Сексуалната активност е важна за целокупното кардиоваскуларно здравје, веројатно поради намалувањето на варијабилноста на отчукувањата на срцето и зголемувањето на протокот на крв “, велат научниците, цитирани од „ Њујорк пост “.Но, тоа не е единствената предност, забележано е и дека депресијата кај сексуално активните луѓе, особено кај жените, имала далеку помалку штетни последици, вели д-р Сриканта Банерџи, главниот автор на студијата. Тој објасни дека ендорфините кои се ослободуваат за време на сексот може да бидат клучот за спречување на негативни здравствени исходи.Студијата произведе уште еден интересен факт, имено дека иако премногу секс може да ги задоволи жените на неколку нивоа, истото не важи и за мажите. Истражувачите велат дека премногу интимни врски може да го зголемат ризикот од смртност за шест пати кај посилниот пол во споредба со жените.
Пронајдете не на следниве мрежи: