6-годишно момче пријавено за исчезнато во Атина во неделата било однесено во Норвешка од двајца мажи, соопшти полицијата во четвртокот.
„Како што покажа истрагата, се чини дека малолетникот полетал од Грција со внатрешен шенген лет во раните утрински часови во средата, 25 мај, придружуван од двајца мажи кои не се Грци“, се вели во полициското соопштение.
Детето е исчезнато од неделата, кога го пријавила неговата мајка. Според нејзината изјава, роднина и се јавил дека неидентификувано маскирано лице влегло во нејзината куќа, го земало детето и заминало со автомобил што чекал надвор.
Сите достапни мерки, вклучително и испраќање на Amber Alert Hellas, беа спроведени од страна на истражните службеници, се вели во соопштението.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.