Италијанската тренерка го полуде светот со својата убавина: „Кај неа намерно би згрешил“

Италијанската тренерка по гимнастика, Клаудија Манчинели, го привлече вниманието на гледачите на Олимписките игри во Париз кога на социјалните мрежи почна да кружи вирално видео од настапите на италијанските гимнастичари.Имено, Манчинели минатата година почна да ги тренира гимнастичарите Софија Рафаели и Милена Балдасари, откако нивната тренерка Џулиета Канталупи се пензионираше. Во видеото Манчинели луто им приоѓа на судиите кои лошо ја оценија Софија, а гледачите се пошегуваа од бината.„Најубавата жена на Олимпијадата“, „Овој тренер може да ми се налути кога сака“, „Намерно би згрешил“, „Таа е најдобриот тренер на сите времиња. Можете ли да ме потсетите каков спорт е ова ?“, се само дел од коментарите на видеото кое е прегледано дури 34 милиони пати.  this coach could get mad at me anytime she wants pic.twitter.com/62yJavINNr— kira 👾 (@kirawontmiss) August 9, 2024Инаку, италијанските гимнастичари успеаја да ја освојат бронзата, првиот олимписки медал во ритмичка гимнастика во историјата на Италија.Интересно е и тоа што италијанската тренерка се испробала како актерка, настапувајќи во филмовите Турист со Анџелина Џоли и Џони Деп, како и во филмовите Девет и Единствени браќа. 

Пронајдете не на следниве мрежи: