ИТНО: Борис Џонсон е во болница, ставен e на апарати за вентилација

ИТНО: Борис Џонсон е во болница, ставен e на апарати за вентилација

Дејли Маил – Борис е во болница

Медиумите во Британија јавија за оваа итна вест вечерва. Откако десет дена не му се подобри состојбата, тој е сега во болница.

„Џонсон беше итно хоспитализиран, над него ќе биде изведена вештачка вентилација на белите дробови“, рекол соговорникот на агенцијата.

Лекарите оцениле дека ова е нужен чекор бидејќи состојбата не му се подобрувала. Во петокот тој објави видео на твитер дека сеуште не се чувствува подобро.

Вечерва до нацијата се обрати и Кралицата Елизабета. Ова беше 4ти пат во нејзиното долгогодишно владеење да се обрати. Инаку таа е на тронот веќе 67 години. По тоа може да се сфати колку е сериозна ситуацијата во Обединетото кралство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.