Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе триумфираше беше најбрз во својата категорија и класа на трката на патеката „Рампа да Фалпера“ во Брага, Португалија.
Во објава на неговиот Инстаграм профил потоа напиша: Оваа победа е за мојата Македонија!
Тој со својот Hyundai i30 TCR постави време од 2:12.780 и за две секунди беше побрз од најблискиот конкурент за првото место.
Инаку ова е втора година по ред како Иџе со победа се враќа од Брага, а ридско-планинските трки му се омилена категорија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.