ИЏЕ ШАМПИОНСКИ ПОБЕДИ НА ДВЕ ТРКИ ВО ШВАЈЦАРИЈА Го развиори македонското знаме

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе победи на трката на патеката Сент Урсан во Швајцарија, во рамките на Европскиот шампионат на ридски патеки.

Стефановски со својот „хјундаи“ беше најдобар по двете трки во Швајцарија. На првата трка го освои првото место и постави нов рекорд, а денеска триумфираше на втората со 5,6 секунди подобро време од второпласираниот тркач.
На две трки до крајот на Европскиот шампионат на ридски патеки македонскиот автомобилист е лидер во Генералниот пласман.

Информацијата за својата победа Иџе ја објави на својот фејсбук-профил. Тој постираше фотографија со развиорено македонско знаме качен на својот автомобил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.