Каде во Македонија има снег?

Врнежи од снег со среден интензитет и засилен северен ветер од утрово има на Попова Шапка, во Гостивар и на планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет во Маврово, Тетово, Крива Паланка, Страцин и на планинските превои Стража и Плетвар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во североисточните и западните делови од државата со наместа остатоци на кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на “Македонија пат“.
Заради појава на магла намалена видливост од 50 – 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер и апелираат до сите возачи да не го користат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.