Каде наврна најмногу дожд?

До 13 часот во невремето што зафати делови од Македонија најногу дожд наврна во Куманово – 20 литри на метар квадратен, во Скопје Петровец 16, Скопје З. Рид 11, Лазарополе 4  и помалку од 1 во Маврово и Тетово, соопшти УХМР. Оттаму информираат дека врнежите на Метеоролошката станица Зајчев Рид траеле само 25 минути и тоа од 11 40 до 12 05 часот, а за тоа време паднале 11 литри на квадратен метар. Во пладневните часови преку северните делови од земјата започна да преминува бран од врнежи проследени со грмежи и повремено пороен дожд. Под   влијание на оваа влажна и нестабилна воздушна маса најмногу беа зафатени северозападните делови од земјава, а потоа и регионот на Скопско. Нестабилното време се префрли од западните делови од Скопската котлина преку централното градско подрачје понатаму кон исток, а имаше појави на пороен дожд, грмежи и засилен ветер чија брзина повремено надминува 80 км/час.

Нестабилноста во моментов е на североистокот од земјата и врнежите и грмежите во следните часови ќе се преместува кон исток, а можно е таму и дa се прошират.Во Скопскиот регион и натаму има услови за појава на повремен поинтензивен дожд и ретки грмежи и тоа претежно преку денот и во вечерните часови. Утре нестабилноста ќе е со помал интензитет и претежно во планинските региони.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.