Жена од германскиот град Магдебург непосредно пред Божиќ сфатила дека пред три години играјќи лото освоила 100.000 евра!
Во 2021 година, таа наводно го оставила ливчето за да може подоцна да го провери, но тоа го направила 34 месеци подоцна.
„Една жена добила шестцифрена награда откако играла лото ‘Super 6‘. И покрај неколкуте извештаи за добивки, таа не контактираше непосредно пред Божиќ“, изјавила портпаролката на Лотаријата во Магдебург.
Често се случува добивките на лотаријата да не се забележат веднаш. Од Лотаријата се наведува дека добитниците од 2021 година се уште не ги подигнале освоените 660.000 евра и тоа само во регионот на Саксонија-Анхалт.
Победниците од 2021 година инаку можат да ги бараат своите награди до 31. декември 2024 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: