Како би изгледала дневната соба од ТВ серијата “Пријатели” во 2018 година?

Како би изгледала дневната соба од ТВ серијата “Пријатели” во 2018 година?
Апартманот на Моника е толку оригинален така што секој фан на “Пријатели” би можел да го препознае, дури и без Рејчел, Чендлер и бандите на фотографиите. Порталот Модси одлучи дека огромниот двособен стан, кој секој член од серијата во секој момент го нарекуваше “куќа”, може да се преуреди во склад со модерни трендови на дизајн.


Станот во кој Моника живееше со Рејчел, Чендлер и Фиби секој суперфан би можел да го опише во сон: ѕидовите се виолетови, на вратите виси празна рамка за фотографија, а од кујната лево кога ќе влезете се наоѓа мала маса. Во дневната соба се наоѓа кауч и столици свртени кон телевизорот, над кој виси француски постер. Двете врати се од спалните соби, а тоалетот се наоѓа покрај големите прозорци – низ кои ликовите можат да го гледаат “Голиот грд маж”.


Овој декор беше совршен во 90 – те години, но во 2018 година, луѓето од Модси велат дека би бил уреден поразлично. Тие направиле три различни дизајнерски шеми. На местото му дадоа рустична топлина, виолетовите ѕидови ги замениле со неутрална боја. Исто така оставиле простор за сентименталност: акцентот е ставен на виолетовите врати и жолтата рамка за фотографија.
Каучите и столиците се заменети со модерни парчиња. Францускиот постер над телевизор е префрлен на другата страна на собата. Нема повеќе сини комоди и полици во кујната, а поголемиот дел од уметничките ѕидови се заменети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.