Дали некогаш сте биле во искушение да го скриете вашето вистинско „јас“ за да го импресионирате партнерот, особено во почетокот на љубовната врска? Сепак, експертите велат дека за да имате здрава љубовна врска во новата врска неопходно е да продолжите да бидете такви какви што сте.
Еве на кој начин можете да го постигнете тоа.
Останете такви какви што сте
Размислете за личноста што бевте пред да стапите во врска. Дали имате работа што ја сакате и во која сте добри? Дали трчате маратони? Дали имате неколку одлични пријатели со кои сакате да поминувате повеќе време? Дали сакате да одите во кино или да пешачите? Оваа личност е личноста на која сакате да се потсетувате секогаш кога се чувствувате несигурни. Запомнете, вашата самодоверба, природа, интереси и сето она што ве карактеризира како личност се дел од причините поради кои партнерот одлучил да биде со вас.
Доколку некој не ве цени доволно значи дека не е вистинската личност за васНе престанувајте да го живеете сопствениот живот
Времето поминато седејќи наоколу и чекајќи некого е потрошено време. Живејте го вашиот живот онака како што вие посакувате. Посетувајте курс по јога, излегувајте со пријателите, шетајте го вашето куче. Правете ги сите работи што прават да се чувствувате добро и правете ги често.
Не дозволувајте социјалните мрежи да ви го трошат времето залудно
Без разлика колку добро ви поминал денот, социјалните мрежи можат лесно да ве натераат да се чувствувате разочарано и очајно. Дали понекогаш ви се случило да чувствувате страв сметајќи дека сите ваши познајници го живеат нивниот сон од соништата, додека вие едноставно седите пред вашиот компјутер и не правите ништо? Не заборавајте дека времето кое го поминувате следејќи ги другите луѓе и гледајќи како тие го живеат нивниот живот е залудно потрошено време. Освен тоа, опседнатоста со нечија активност на социјалните мрежи може да делува негативно врз вашето ментално здравје.
Знајте дека и партнерот веројатно се чувствува исто
Понекогаш, стравот да не изгубите нешто може да ве натера да се однесувате на начин кој се коси со вашата вистинска природа. Но, знајте дека иако можеби се чувствувате несигурни во можноста да ја изгубите оваа нова личност во вашиот живот, можеби и таа се чувствува на ист начин. Затоа, не осудувајте се себеси доколку продолжите да бидете онакви какви што сте. Тоа ќе придонесе да се почувствувате подобро и на тој начин ќе му оставите до знаење на партнерот како вие сакате да бидете третирани.