Некои родители ги плаќаат децата за да им помогнат во средувањето на куќата, додека од друга страна се другите што се спротивставуваат на овој начин на воспитување.
Во суштина, помаѓањето на родителите во средувањето на куќата е исто како миење заби, па затоа и не треба да се наплатува.
Во некои семејства, бришењето на столчињата и собирањето на играчки се дневни рутини, додека кај други завршувањето на домашните задачи и одењето порано во кревет значи оставање на играчките насекаде по подот. Сепак, едногласни се за едно – на децата не им оди толку добро средувањето на играчки, барем не кога се многу мали.
По сè изгледа дека тоа е нешто што мора да се надмине, ако сакаме детето да ни израсне во одговорна и уредна личност, а еве и зошто: многу деца сакаат да помогнат, но тогаш се соочуваме со реалноста – нивната невнимателност, невнимание и незнаење како нештото треба да се направи.
Од тие причини, многу родители им дозволуваат на децата да седат пред телевизорот, додека тие го завршуваат нередот, бидејќи нема никој да им смета. Овде клучен момент е вашата желба, дали сакате детето да работи со вас. Дури и ако детето стави повеќе прашак во машината за садови од тоа што е потребно или направи поплава во градината додека ги полева цвеќињата – морате да дозволите да ви помогне. Мајките што ова ќе го разберат, моменталната фрустрација ја гледаат како „инвестиција“.
Охрабрете го вашето неуредно дете, што сака да ви помогне околу садовите и со текот на времето ќе израсне во способно и вешто дете што и понатаму ќе сака да помага. Раната соработка со родителите поттикнуваат механизам кај децата што прераснува во сопствена желба за помагање и уредување на животот во домот.
Дозволете им да ги гледаат омилените цртани, додека вие го исчистите сокот што вашите деца го истуриле – и истото ќе го прават и наредните 10 години. Ако му велите на детето дека не треба да е вклучено во домашните обврски и дека не може тоа да го прави, после некое време ќе почне да ви верува на зборовите.