Дали сакате да се заљуби во вас во рекордно време? Постојат одредени фрази, на кои едноставно не може да одолее.
“Тоа е урнебесно смешно!”
Кога дечкото се обидува да ве импресионира, ќе ви раскажува кратки шеги за да ја разбие тензијата и да ја покаже неговата личност. Ќе се релаксира доколку му кажете дека ви се допаѓа неговата смисла за хумор. Ова ќе му значи многу повеќе од насмевка (иако и тоа го очекува во пакет), бидејќи ќе го уверите дека вашата насмевка е искрена.
“Вечерва сакам да одиме во забавен парк / кино / кинески ресторан.”
Мажите сакаат жени кои не се плашат да го искажат своето мислење. Па кога ќе ве праша што сакате да правите, никогаш не одговарајте со “не знам”. Наместо тоа, предложете нешто што ќе ве расположи. Загрижени сте дали ќе го прифати вашиот предлог? Дајте му неколку опции и нека ја избере онаа која му е најдрага.
“Ти навистина ме освои.”
Во моментот кога ќе почувствувате дека навистина се поврзувате, кажете му. Момците често не ги сфаќаат суптилните сигнали кои вие им ѓи испраќате и под стрес се бидејќи размислуваат за тоа дали ви се допаѓаат или не. Ако им кажете со зборови, тоа ќе влијае на нивната самодоверба и сигурност во врската која е на повидок.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Дали сакате да се заљуби во вас во рекордно време? Постојат одредени фрази, на кои едноставно не може да одолее.