Како да го користите маслото од јојоба за третман на акни?

Ако знаете како правилно да ги користите придобивките од ова масло, тоа може да ви помогне да ја спречите појавата на акни и да ги отстраните постоечките. Маслото од јојоба е исклучително нежно за кожата и е многу честа состојка во производите за нега на кожата. Многу жени го користат како дел од својата рутина за нега на кожата поради многубројните придобивки.
Како да го користите маслото од јојоба за третман на акни?
Хидратантни својства – маслото од јојоба дејствува како хидратантен крем и ефикасно го спречува губењето на влажноста на кожата. Нанесувањето на ова масло во тенок слој ја одржува кожата мека и нежна на допир. Особено се препорачува за луѓе кои имаат екстремно сува кожа. Може да се нанесува на кожата со или без есенцијални масла.


Антибактериски својства – маслото од јојоба има силни антифунгални и антимикробни својства. Многубројни истражувања потврдуваат дека маслото од јојоба успешно уништува голем број бактерии и габи, како што се ешерихија коли, кандида и салмонела.
Лекување рани – Антивоспалителните ефекти на маслото од јојоба го прават ефикасен лек за разни кожни заболувања. Истражувањата покажуваат дека маслото од јојоба е многу ефикасно за заздравување на раните и за олеснување на синтезата на колаген.
Како да го користите маслото од јојоба за третман на акни?
Измешајте две лажици гел од алое вера и две лажици масло од јојоба во стаклена тегла. Користете ја оваа смеса како хидратантен крем за лице. Нанесете го на лицето и добро тријте, особено на регионот каде што имате акни, но бидете нежни. Овој крем можете да го користите неколку пати во текот на денот, а особено се препорачува пред спиење, бидејќи активните состојки имаат најмногу време да дејствуваат во текот на ноќта.
Може да нанесете масло од јојоба во мали количини директно на лицето без дополнителни состојки. Нежната масажа од две минути е сосема доволна за вашата кожа да ги апсорбира активните состојки. Не е потребно плакнење. Исто така, препорачливо е да го применувате ова пред спиење, така што маслото ќе има време да дејствува додека спиете. Освен на лицето, ова масло можете да го нанесувате и на вратот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.