Како да знаете дали некој е љубезен со вас или флертува?

Со оглед на тоа што љубезноста е сè помалку присутна меѓу луѓето, многу лесно е да ја помешате со флертувањето. Ако некој ви се допаѓа тогаш тоа уште повеќе може да влијае на вашето расудување, па така лесно ќе се убедите себеси дека ви се додворува.
Но, постои и шанса да се доведете во непријатна ситуација, кога таа личност во одреден момент ви објасни дека погрешно сте ја сфатиле и дека само се обидувала да биде љубезна со вас. Не е лесно да ја разликувате љубезноста од флертот, а овие совети можат да ви помогнат во тоа.
Истакнува дека е сингл
Еден од знаците кои ќе ви помогнат да го разликувањето додворувањето од љубезноста е тоа што личноста ја користи секоја прилика да ви даде до знаење дека не е во врска.
„Некои тоа го прават суптилно, а други многу очигледно истакнуваат дека се сингл“, вели Селија Швејер, експерт за врски.
Поставува интимни прашања
Кога некој е само љубезен и пријателски се однесува кон вас, ќе се држи до оние мали, секојдневни разговори. Но, кога станува збор за флерт, ќе ви поставува прашања кои ќе му помогнат подобро да ве запознае. Според Швејер, ќе сака да дознае што сакате, а што не, кое е вашето хоби, мислење за одредена тема и слично.

Поинаку се однесува во ваше друштво
„Ако мислите дека некој флертува со вас, но не сте сигурни, добро би било да ја споредите интеракцијата на таа личност со друг во однос на тоа како се однесува кон вас“, вели психологот Меделин Мејсон Роантри.
Дали кон вас се однесува поинаку? Дали ви се насмевнува повеќе отколку на другите кога сте во друштво, дали ви дели комплименти? Ако е така, можно е да флертува со вас.
„Секој флертува различно, а постојат и такви кои флертуваат екстремно љубезно и суптилно, па единствено ги издава разликата во однесувањето кон личноста на која ѝ се додворуваат во однос на однесувањето кон другите“, вели Роантри.
Многу е внимателен кон вас
Некој дефинитивно флертува со вас ако покажува голем интерес за тоа што го зборувате, без разлика дали станува збор за нешто секојдневно. Исто така, поставува прашања поврзани со тоа што го зборувате, за разговорот да трае подолго, а тој да извлече повеќе информации за вас. И веројатно ќе се смее како да сте најдуховитата личност во светот.
Го издава говорот на телото
Според говорот на телото може да утврдите дали некој е само љубезен кон вас или ви се додворува. На пример, ако флертува, ќе ја користи секоја прилика физички да ви се приближи во текот на разговорот. Можеби и несвесно ќе го имитира вашето однесување, што е природно кога сакаме со некој да се поврземе.
„Ако телото и стапалата на таа личност се свртени кон вас, дефинитивно ве смета за привлечна личност. Говорот на телото го издава“, вели Швејер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.