Првутот е проблем со кој се соочуваат голем број на луѓе, а од кој многу е тешко да се ослободите. Понекогаш не може да ни помогне ниту еден од шампоните и лосионите, кои се продаваат во сите поголеми маркети или аптеки.
Затоа, некои луѓе се одлучуваат на природни решенија. Во таа смисла, изгледа дека постои релативно едноставен трик, кој би требало да ни помогне во борбата против првутот, а можете да го пронајдете во својата кујна.
Станува збор за чај од камилица. Според стручните лица за коса, тој е корисен за ублажување на иритацијата која предизвикува првут. Затоа, ако темето ви е суво и ве прави нервозни, обидете се иритираното место да го масирате со памук кој претходно ќе го натопите во чајот.
Меѓутоа, ова е само привремено решение. За проблемот трајно да го решите, мора да превземете неколку чекори.
Најпрво, морате често да ја миете својата коса, за да имате чисто и здраво теме, а се препорачува и да внимавате кога точно ви се појавува првутот, па така ќе забележите дали има некоја посебна причина за негово појавување.