Еве неколку специфични цели и совети како да ги постигнете истите.
Сакате да вежбате повеќе? Најдобро е да ја испробате техниката – ноќна визуелизација. Замислете си ноќта пред да си легнете дека ви ѕвони будилникот, како се облекувате за во салата за вежбање, како излегувате од станот, одите на фитнес и се потите. Направете го ова секоја вечер по неколку минути и ќе го подготвите вашиот мозок за вистински физички вежби.
Сакате да се држите до своите цели? Пред да заминете од работа направете листа на работи што треба да ги направите следниот ден. Ако нешто е на листата повеќе од три дена, направете едно од овие три работи: избришете ја таа задача, предајте ја задачата (дајте ја на некој што сте сигурни дека ќе ја направи добро) или веднаш исполнете ја. Не постои четвртта опција.
Сакате да не сте толку загрижени? Размислете за она што ви здодева, ставете го на хартија, а потоа уште еднаш. И тоа е тоа. Тогаш ќе бидете принудени да размислувате за нешто сосема друго.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Еве неколку специфични цели и совети како да ги постигнете истите.