Како да ја исчистите дрвената даска за сечење?

Многу луѓе не знаат како правилно да ја одржуваат дрвената даска за сечење месо и зеленчук, а ја користат скоро секој ден кога подготвуваат оброци.
Ако не се одржува правилно, станува плодна почва за бактерии, габи, мувла.
Кујнската даска за сечење во кујната треба редовно да се чисти и дезинфицира, а еве и неколку совети како да го направите тоа на вистински начин.
Даските за сечење храна можат да станат легло за размножување бактерии, особено ако не користиме посебни даски за сечење месо и за зеленчук.
Сепак, постојат неколку совети кои ќе ви помогнат да избегнете зараза и правилно да ги исчистите даските.
Употребата на вода и детергент за чистење на работни површини може да ги ослаби дрвените влакна на даската. За да ја дезинфицирате по употреба, добро премачкајте ја со обичен бел оцет наместо детергент.
Оцетот е силен борец против ешерихија коли, салмонела и стафилококи, и е многу ефикасно средство за дезинфекција. За да се ослободите од непријатниот мирис на даската за сечење, истријте ја со сода бикарбона, а потоа исплакнете со бел оцет.
Хидроген пероксид против бактерии
Хидроген пероксид е најдобриот начин да се убијат бактериите од даските за сечење, особено откако ќе сечете пилешко или друго месо. Откако ќе ја користите даската, избришете ја со оцет, а потоа и со водород пероксид од 3%.
Лимон против непријатен мирис
Доколку даската прими непријатен мирис од сечење кромид, лук и сирово месо или риба, едноставно добро истријте ја со половина лимон и исплакнете ја со вода.
Сода бикарбона за темелно чистење
Повремено исчистете ги пластичните и дрвените даски за сечење со паста што сте ја направиле од лажица сода бикарбона, лажица сол и лажица вода. Втријте ја пастата во даската и исплакнете со топла вода.
Сол за белење
Откако ќе ја измиете даската со вода и детергент, истријте ја со влажна памучна крпа натопена во сол. Можете исто така да направите паста од сол и сок од лимон и да ја користите на ист начин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.